„Борисов не ми честиташе за наградата, следните денови јас ќе му се јавам – преговорите продолжуваат“, рече Заев во ClickPlus

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме за повеќе теми, но секако онаа најважната – бугарското вето кон преговарачката рамка за почеток на преговорите на ЕУ. Зоран Заев рече дека е разочаран, и дека денеска не се слушнал со Бојко Борисов.

Заев потврди дека Борисов не му ни честитал за наградата добиена пред некој ден за човекови права.

„Борисов не ми честиташе за наградата, и не се слушнавме денеска. Уште еднаш можам да потврдам дека разговорите продолжуваат. Јас ќе му се јавам деновиве. Продолжуваме со тимовите да наоѓаме решенија“, рече Заев.

Целата изјава низ видео: