Екс вицепремиерот за европски прашања и амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 порача дека доколку договорот за мир подразбира влез на Украина во Европската унија, тоа ќе значи влез и на Западен Балкан.
„Ова што се случува во 2025 година не е убаво и не е здраво, што и да се случи околу преговорите за Украина ние ќе бидеме вклучени во нив, не само земјите што се веќе членки на НАТО и ЕУ, туку сите земји од Западен Балкан. Не може да биде само Украина а ние да бидеме исклучени“, вели Боцевски.
