Бразил, Германија и Холандија го почнуваат походот кон осминафиналето на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светското првенство денеска продолжува со три шеснаесетфинални натпревари, во кои настапуваат Бразил, Германија и Холандија – селекции со богата мундијалска традиција и амбиции за пласман меѓу шеснаесетте најдобри.

Први на терен ќе излезат Бразил и Јапонија во Хјустон. Бразилците ја завршија групната фаза како првопласирани благодарение на победите над Хаити и Шкотска, додека ремизираа со Мароко. Јапонија, пак, обезбеди место во нокаут-фазата по ремијата со Холандија и Шведска и победата над Тунис.

Во вториот натпревар Германија во Бостон ќе се соочи со Парагвај. Германците забележаа победи над Курасао и Брегот на Слоновата Коска, а единствениот пораз го претрпеа од Еквадор. Парагвај до шеснаесетфиналето стигна со изненадувачката победа над Турција, по поразот од САД и ремито со Австралија.

Најголема неизвесност се очекува во дуелот меѓу Холандија и Мароко, кој ќе се игра во Монтереј. Холанѓаните по ремито со Јапонија ги совладаа Тунис и Шведска, додека Мароко освои седум бода со реми против Бразил и победи над Хаити и Шкотска.

Распоред на вечерашните натпревари:

Бразил – Јапонија (19:00 часот)

Германија – Парагвај (22:00 часот)

Холандија – Мароко (03:00 часот)