Бразилски политичар шокира: 13-годишните се доволни зрели за работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бразилски политичар на „Твитер“ објави дека 13-годишните деца се зрели за работа, ако се и за освојување на медали на олимписките игри во Токио кои се во тек.

46-годшниот Состенес Кавалканте од бразилската Демократска партија, предложил ревизија на Законот за забрана на работа на деца во земјата.

Законот во Бразил не дозволува работа на помладите од 14 години, а Кавалканте смета дека 13-годишната натпреварувачка во скејтборд Рајса Леал која освоила сребро, докажува дека младите луѓе би можеле да влезат на пазарот на трудот.