Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое го покажа интересот на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска претставничката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Пола Пињо, но таа посочи дека оваа идеја не е остварлива.

Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија Abakus data, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да влезе во ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, пренесе Политико.

Прашањето за општа поддршка за влез во европскиот блок го одобриле 46 отсто од испитаниците.