Британија ја одобри вакцината на „Модерна“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Модерна“ стана трета вакцина против Ковид-19, која е одобрена од властите во Обединетото Кралство, истакнаа од министерството за здравство денеска.

Агенцијата за медицински работи и лекови ја авторизираше вакцината после „неколку месеци тестирање вклучувајќи десетици илјади лица, со што се покажала дека вакцината е безбедна, квалитетна и има едект во лекувањето“.

„Ова е одлична вест и уште едно оружкје за борба против вирусот“, рече Мет Ханкок.

Британската влада се согласи да набави дополнителни 10 милиони дози од вакцината „Модерна“, после првичната набавка од 7 милиони, со што ќе се дојде до борјка од 17 милиони дози.