Британскиот сој на коронавирус ја зема првата жртва во С. Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот сој на коронавирусот ја зема првата жртва во нашата земја, дознава Дојче веле.

Според нивните сознанија, станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид

Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред четири дена.

Претходно британскиот сој на коронавирусот беше детектиран кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. 

Лекарите алармираат дека поради лесната преносливост постои голема можност за неколку месеци да стане доминантен и во земјава.