Врховниот суд на Велика Британија денеска пресуди дека терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошкиот пол според британскиот закон за еднаквост, со што се исклучуваат трансродовите жени од правната дефиниција за жена.
По пресудата, судијата рече дека ова не е „победа на едната страна над другата“, нагласувајќи дека британскиот закон сè уште ги штити трансродовите лица од дискриминација.
Родовата реформа во Велика Британија стана политичко бојно поле во последниве години, особено во Шкотска, пренесува Би-Би-Си.
