Мицкоски: Следиме неколку случаи на корупција, ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат корупцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на државата, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите информираше дека следат неколку случаи на корупција. Мицкоски преку медиумите ги охрабри граѓаните да ја пријавуваат корупцијата во институциите на државата. Меѓу другото, премиерот рече дека постои недоверба во институциите и дека случаите се пријавуваат во Обвинителството.

„Не се согласувам дека граѓаните ги пријавиле случаите во Обвинителството, но нема да давам повеќе детали во интерес на истрагата. Ги охрабрувам граѓаните, и тоа сум го кажал многупати досега, да ги пријавуваат случаите на системска корупција во институциите. Ги охрабрувам затоа што наскоро, уште денеска, ќе започнеме таков проект со „Транспаренси интернешнл“, во рамки на кој ќе имаме отворен број, отворена линија каде што ќе можат да се пријавуваат случаите, а ние заедно со „Транспаренси интернешнл“ ќе постапуваме по тие случаи.

За мене е важно да нема ниту еден случај на висока корупција. Сега овие случаи треба да ги расчистиме преку институциите. Ќе повторам повторно, постои недоверба во институциите и случаите се пријавуваат во Обвинителството, но ќе се воздржам од одговор додека не завршат овие постапки.

Во моментов разгледуваме и неколку други случаи во одредени области во рамки на институциите, на ниво на сектори. Следиме неколку случаи. Ова го кажувам однапред и ги повикувам сите граѓани кои ќе бидат жртви на каква било системска корупција да ја пријават без исклучок. Сите ќе бидат санкционирани. Ова го кажувам јавно. Ние следиме одредени случаи и постапуваме по нив“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.