Премиерот на Обединетото кралство, Кир Стармер, во раните утрински часови им наредил на британските вооружени сили да пресретнат танкер за нафта од таканаречената „флота во сенка“, кој се обидувал да помине низ Ла Манш.
„Оваа успешна операција претставува уште еден удар за Русија и ги потсетува оние што ја финансираат војната на Путин во Украина дека нема да им дозволиме да се кријат“, објави Стармер на социјалната мрежа Икс.
Тој им се заблагодари на сите вклучени, вооружените сили и другите служби за спроведување на законите, кои, како што напиша, „ја чуваат безбедноста на оваа земја 24 часа дневно, 365 дена во годината“.
