Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз на Фејсбук напиша дека корупцијата ги загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, во правдата и економијата.
„Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, истакнува Брнз.
Се додава дека „индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Северна Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство“
Инаку, Северна Македонија е најлошо рангирана досега на индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл со пад од 5 места на 111 место, во друштво на БиХ, Монголија и Панама.
