Брнз: Влезот на РС Македонија во ЕУ е стратешки интерес на државата, регионот, ЕУ, па дури и САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Очигледно на граѓаните на Северна Македонија им треба исчекор, не им се потребни дополнителни назадувања. САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ“, порача амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21.

Таа вели дека иако тие не е членка на ЕУ, сепак сметаат дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД.

„Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и европските партнери и во западната заедница во целина, за важноста на продолжувањето. И не само за да се одржи глобалната безбедност туку и да видиме напредок во заедничката агенда за демократија и владеење на правото. А токму тоа ќе се поттикне со влезот на Северна Македонија во ЕУ“, додава Кејт Мари Брнз во интервју за ТВ21.