Брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив, најмалку четворица загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив, а во несреќата загинаа најмалку четири члена на екипажот, додека уште четворица се водат како исчезнати, соопштија денес египетските власти.

Бродот за дупчење се преврте во вторник вечерта во близина на градот Рас Гареб, на африканската страна од Суецкиот Залив, соопшти египетското Министерство за нафта, пренесува АП.

На бродот имало 30 работници кога се превртел бродот за дупчење, изјави Амр Ханафи, гувернер на покраината Црвено Море.