Бројката на заразени од Ковид-19 во Светот надмина 8 милиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројката на заразени од коронавирус во Светот, надмина 8 милиони, покажуваат податоците на сајтот „Worldometers“.

Од коронавирусот починаа 435.855 лица, а според последните информации, излечени се 4.134.874 лица.

Најмногу заразени и починати има во САД. Во таа земја потврдени се 2.162.228 случаи на коронавирус, а починаа над 117 илјади лица.

На второто место е Бразил со 867 илјади заразени, додека трета Русија со 537 илјади.

Италија и Шпанија каде што со месеци имаше жариште на Ковид-19, имаат помалку заразени и починати од овие три земји.

Коронавирусот го има во 213 земји ширум земјава, а некои држави како Нов Зеланд објавија крај на пандемијата без ниту еден случај.