Бројката на заразени со Kовид-19 се искачи на 85 – Владата го откажа тендерот за респиратори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регистрирани се 9 нови случаи со коронавирус. Вкупната бројка на заразени во земјата се искачи на 85. Најголем број на заразени има од Скопје – 49 случаи, од Дебар 30, Штип и Кавадарци по 2, Гостивар и Охрид по 1 случај.

Само една пациентка е во критична состојба и е вклучена на  апарати за дишење. Тројца имаат тешка пнеумија, а другите пациенти во скопската клиника за инфективни болести и во Дебар се во стабилна состојба.

А, тендерот за набавка на респиратори е откажан  бидејќи, како што рече министерот, не е постигнат договор за брза испорака од страна на економските оператори. Нашиот здравствен систем располага со 120 респиратори.

Министерот Филипче рече дека пациентите кои се сомневаат дека се заразени со коронавирус или дека веќе се позитивни и имаат потреба од  интервенции ќе бидат хоспитализирани во градската болница „8 септември„. Оваа болница нема да биде карантин туку ќе служи само за посебни потреби .

Од денеска во функција ќе биде и кол центар во Здравствен дом Скопје за граѓаните кои бараат совети и прашуваат за коронавирусот, а од понеделник ќе бидат ставени во функција и два пункта  за тестирање во Поликлиниката „Јане Сандански  и во Чаир. Граѓаните од понеделник преку матичниот лекар преку „Мој Термин“ ќе можат да закажат термин за тестирање за коронавирус.