Бројот на жртви од поплавите во централен Тексас се искачи на повеќе од 100, соопштија локалните власти.
Огромното мнозинство од смртните случаи, 84, биле во округот Кер.
Меѓу жртвите се 27 девојки и наставнички од летниот камп за девојки „Мистик“, сместен покрај реката Гвадалупе, пишува ABC News.
