Бројот на заинтересирани граѓани за вакцинација надмина 400.000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека само во последните две недели повеќе од 100.000 се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk.

„Бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата“, додава Филипче. 

Според официјалната веб страница за вакцинација против ковид-19 пријавени се вкупно 419,399 граѓани, додека пак бројката на вакцинирани изнесува 220,733.

За заинтересираност за вакцинација можете да се пријавите преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар.