Со денешниот рекорд од 934 заразени од Ковид-19, во Македонија бројката на заразени од почетокот на пандемијата надмина 30 илјади.
Поточно, од почетокот на епидемијата се регистрирани 30.488 случаи со Ковид-19, а оздравени се вкупно 20.448. Починати лица вкупно досега се 982 лица. Активни случаи во моментов има 9058.
Во последните неколку дена има зголемен број на случаи како во Македонија, така и во другите земји, особено во Европа.
Завчера имаше рекорд од 870, вчера беа регистрирани 842, а денеска 934 заразени од Ковид-19.
Токму од тука стапија на сила и новите мерки, меѓу кои и носење на маска на отворено, и затворање на сите угостителски објекти во 23 часот.
