Бројот на заразени во Боговиње е 11 лица – „Заразените се изолирани, нема простор за паника“, вели Џемаили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во општина Боговиње бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на 11. Само денеска се регистрирани 4 случаи во Тетово, од кои тројца од оваа општина. ТВ21 денеска го посети Боговиње. Градоначалникот Аљбон Џемаили, уверува дека состојбата е под контрола и дека сите пациенти на матичниот лекар се изолирани.

„Состојбата е нормална, всушност проблемот настана со матичниот лекар, кој излезе позитивен. Во соработка со Фондот за здравствено осигурување, извадена е листа на пациенти на кои пак им е испратена наредба 14 дена да останат во домашна изолација“, вели Аљбон Џемаили.

Според Џемаили, никој од останатите заразени не е пациент на лекарот, туку станува збор за членови на неговото семејство.

„Не, ниту еден пациент не е позитивен. Всушност, станува збор за семејство кое живее во заедница и се работи за членови на семејството“, додава Џемаили.

Пред неколку дена о.Боговиње ја посети и вицепремиерот Бујар Османи, кој истовремено е и член на Кризниот штаб на Владата, при што вети дека ќе се зголеми бројот на тестови во оваа општина.