Бројот на жртви од ебола во Конго достигна 600

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на починати од ебола во тековната епидемија во Демократска Република Конго достигна 600, а пријавени се и сомнителни случаи во уште една провинција, соопштија денеска здравствените власти.

Според најновиот извештај на конгоанската влада, во епидемијата, која беше прогласена на 15 мај, досега се регистрирани 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву, пренесе Ројтерс.

Сепак, вкупниот број на случаи во моментов не ги вклучува двата нови случаи од Кисангани, главниот град на провинцијата Цопо и еден од најголемите градови во земјата.