Бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар порасна на 3.085 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мјанмар пред речиси една недела се искачи на 3.085, соопшти денеска воената хунта што ја води земјата.

Во кусото соопштение, властите соопштија дека 4.715 лица се повредени, додека 341 лице се водат како исчезнати, пренесе Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала бил во близина на Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.