Бројот на жртвите по катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се зголеми на 1.344, додека 4.996 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска властите во Непал.
Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата од кинеската страна на границата, на Тибет, се зголеми на 16, додека 546 лица се водат како исчезнати, пренесува ABC.
Во свлечиштата и поплавите што го погодија пограничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, како исчезнати се водат и околу 70 американски државјани. Досега биле спасени 17 Американци, соопшти претходно Стејт департментот на САД.
