Борче Бучински од здружението „Пелагониско поле“ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека постојат моќници во Пелагониско.
Како што вели, тие имаат 20% земјиште кое е необработливо, односно со трња и за тоа земаат субвенции.
„Државна земја, земена под концесија, не се обработува, имаме снимки. Најголемите субвенции одат толку на таа земја мислам дека некаде околу 3,5 милион евра“, вели Бучински.
Тој додава дека не се внимава околу тоа.
