Бучковски од Софија: Признаваме дека е нарушена довербата, ќе работиме во идниот период да ја вратиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Специјалниот претставник на Владата на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски, денеска е во Софија на средби со државниот врв. Тој се сретна со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, по што одржаа прес-конференција.

Бучковски истакна дека довербата е нарушена, но дека му е драго што Бугарија смета дека со неговото назначување, се сака да се врати довербата, и кон тоа ќе се стремиме во следниот период, рече Бучковски.

„Признаваме дека е нарушена довербата. Јас лично го изразувам задоволството што пријателска Република Бугарија го смета моето назначување како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме довербата. Време е во периодот кој претстои да се фатиме за она што е сработено, отколку за празни зборови.

Мојот човек ќе биде во координација за исполнувањето на Договорот, но не во историјата. Историјата не можеме да ја промениме, но можеме да ја промениме во инфраструкутирата, посебната соработка во освежување на двата народи.