Буџетот на Општина Кичево за 2026 година ќе изнесува над 1,3 милијарди денари. Со овој буџет, градоначалникот на Општината треба да ја управува Општината и проектите побарани од граѓаните во 2026 година.
„Оваа година буџетот на Општината е 1 милијарда 356 милиони 457 илјади денари, од кои основниот буџет изнесува 614 милиони 267 илјади денари, само финансискиот дел е 33 милиони 580 илјади денари, дотациите се 699 милиони 736 илјади денари, а од донации очекуваме околу 8 милиони 864 илјади денари.“, вели градоначалникот Александар Јовановски.
По објавувањето на буџетот имаше реакции од советниците од НАИ, кои го оценија како нетранспарентен поради последните направени измени.
„Во конкретниот случај, документот објавен на веб-страницата на Општината под наслов ‘предлог буџет’ – да не спомнувам дека е објавен само на македонски јазик, а исто така не е оној што нам како советници ни е испратен на нашата електронска пошта. Сега не ми е јасно кој верзија да ја гласаме или подобро речено, ако ова што ни е дадено е точната верзија, тогаш каде е транспарентноста кон граѓаните?“, прашува Сирта Слиу Османи.

Бурим Кадриу од финансискиот сектор во Општината рече дека објавениот документ е предлог буџет, а за време на постапката и денес се направени измени.
„Предлогот објавен на веб-страницата е предлог буџет, и овој што го имате исто така е предлог буџет, а со гласањето за сите овие измени што ги предложивме, тогаш станува буџет за 2026 година. Ве замолуваме за извинување ако има пропуст и ако не сме го објавиле на албански јазик, но усвоениот буџет ќе биде и на албански јазик.“, рече Кадриу.
Советот на Општината има 19 советници, а буџетот беше усвоен со 11 гласа „за“ и 6 гласа „против“ од советниците на НАИ и еден независен, додека на денешнaта седница на Советот немаше двајца советници – од СДСМ и од Независната листа.
