Властите во Германија открија шема за земање на социјална помош за деца во градот Дуизбург, во која се вклучени државјани на Романија и на Бугарија.
Романците и Бугарите кои живееле во иста зграда, добиле детски додаток за 59 деца, кои воопшто не постоеле.
Шемата ја открил градоначалникот на градот, а потоа реагирала и полицијата која ги уапсила осомничените.
