ТВ21 направи анализа на мерките кои ги преземааt нашите соседи и како тие се справуваат со коронавирусот. Од анализата заклучивме дека најстроги, но истовремено и најдобри за физичките и правните лица има преземено нашиот сосед од исток – Бугарија. Во продолжение преглед на мерките до кои дојде ТВ21, а се јавно објавени.
Бугарија – прогласена вонредна состојба
- 20 милиони лева дополнителни средства за медицински персонал
- патронажна служба контролира 43.000 лица во Бугарија
- дистрибуција на храна и средства за хигиена
- се продолжува важноста на сите документи
- пензиите се пресметуваат по службена должност
- граѓаните да не одат во болница, да користат телефонски линии
- продолжување на рокот за поднесување на годишна пријава
- мерка за ублажување на штетата направена врз бизнисите овој месец
- граѓаните за да не бидат избркани од работа, државата ќе субвенционира 60% од плата и ќе ги ослободи компаниите од трошоци за осигурување на вработените
- преиспитување на веќе започнатите проекти за овој и следните месеци
- засилена контрола на границите и пополнување на анкети
- коронавирусот ќе се претвори во закон
- затворени се обложувалници, коцкарници, дискотеки, барови, ресторани, кафулиња, трговски центри, молови – работат банките и аптеките, а рестораните може само да испорачуваат храна
- прекин на настава
- забрана за масовни собири
- вработените да бидат ослободени или работа од дома
Србија – прогласена вонредна состојба
- ограничена висината на цените на основните намирници, заштитната опрема и средствата за дезинфекција
- забранети јавни собири во затворени простории над 50 лица
- препорака, лица над 65 години да не излегуваат надвор
- затворање на градинки, училишта и факултети
- кафе баровите и рестораните ќе работата до 20 часот
Македонија – кризна состојба во Дебар и Центар Жупа
- затворање за посетители на сите продавници во молови во државава, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки
- целосна забрана на работењето на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници, сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат, без посета на потрошувачи (гости) и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл.) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект
- затворање на сите копнени гранични премини во државава, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце
- прекин со работа аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид
- забрана за влез на територијата на државава на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на СЗО
- секое раководно лице во институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата на начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата
- строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на Дебар и Центар Жупа
- контролира на влезовите и протокот на патници во градот од општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница
- ангажирање на Армијата за поддршка
Албанија
- забрана за сите летови кои доаѓаат од северните делови на Италија
- училиштата се затворени следните две недели
- забрана за јавни собири
- секое лице кое влегува во Албанија се става во карантин
- непочитување на мерките се казнуваат
- пензионираните лекари да се вратат на работа
- блокирање на дел од патиштата
- затворање на дел од градовите
- сите кои сакаат да се вратат во Албанија, треба да добијат потврда
БиХ
- забрана за работа на угостителските објекти до 23-ти март, освен прехранбените и аптеките
- ограничување на бројот на лица во затворени објекти
- во општините намален обемот на работа
- 14 дена самоизолација за сите лица кои доаѓаат во државата
- иселување на студентските домови
Косово – прогласена вонредна состојба
- дистрибуција на материјали до сите медицински центри
- министерство за внатрешни обезбедување на евентуална потреба од сместување на заразени лица
- влезовите и излезите од Косово ги контролираат медицински лица
- затворање на границите за странски државјани
- засилени контроли на терен
- јавните и приватните претпријатија како и медиумите да ја вршат работата со одговорност и етика
- граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции
