БУГАРИЈА
Во Бугарија е прогласена вонредна состојба, а Владата одлучи поради тоа да одделние дополнителни середства за медицинскиот пресонал во висина од 20 милиони лева. Се продолжува и важноста на сите документи, зголемување на пензиите, како и мерки за бизнисите кои трпат загуби поради одлуката за нивно затворање. Граѓаните за да не бидат избркани од работа, државата ќе субвенционира 60% од плата и ќе ги ослободи компаниите од трошоци за осигурување. Прекината е наставата, има активна забрана за јавни собири, целосно затворени се обложувалници, коцкарници, дискотеки, барови, ресторани, кафулиња, трговски центри, молови – работат банките и аптеките.
СРБИЈА
Иако кај нашиот сосед од север е прогласена вонредна состојба, сепак во Србија мерките се под нивото на Македонија. Ограничена е висината на цените на основните намирници, заштитната опрема и средствата за дезинфекција. Забранети јавни собири во затворени простории над 50 лица, а за лицата над 65 години има препорака да не излегуваат надвор. Затворени се градинките, училиштата и факултетите. Кафе баровите и рестораните работат до 20 часот.
АЛБАНИЈА
Во Албанија активна е забрана за сите летови кои доаѓаат од северните делови на Италија. Училиштата се затворени на две недели, а има и забрана за јавни собири. Секое лице кое влегува во Албанија се става во карантин. Непочитувањето на мерките се казнува со закон, а пензионираните лекари треба да се вратат на работа. Блокирани се патишта и затворени дел од градовите, а сите кои доаѓаат во земјата мора да добијат потврда.
КОСОВО
Косово има прогласено вонредна состојба, а министерството за внатрешни работи обезбедува простор за евентуално сместување на заразените лица. Влезовите и излезите ги контролираат медицински лица, а границите се затворени за странски државјани.
