Бугарија нема да каже ДА, ветото се поизвесно – премиерот Заев вели дека ја подготвил нацијата за вакво сценарио

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се поизвесно е дека Бугарија ќе стави вето за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев од Струмица. Вели, го подготвил народот на такво сценарио .

„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада ,за евентуално вето и тоа е поприлични извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно отколку тоа да добиеме негативно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта заради тоа што одговорноста на политичарите е голема“, изјави Зоран Заев – премиер на РСМ.

Изјавата на Заев следи по онаа на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева која во настап за бугарска БТВ вели дека нашата држава не е подготвена да започне преговори со ЕУ. Во оваа фаза стои во изјавата на Захариева за БТВ, нема да кажеме –ДА за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ . Захариева во својот настап за бугарската телевизија вели дека никој не го оспорува правото на самоопределување, но дека не смее ова право да се заснова на како што вели „омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија

„Не може од една страна да сакаш да си во ЕУ и да го демократизираш општеството, а истовремено да го чествуваш еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите пред фактот дека државата продолжува да се развива по начинот замислен од Тито и Сталин, и вршиме работа на Москва“, изјави Екатерина Захариева – МНР на Бугарија.

Министерот за надворешни Бујар Османи не може да го предвиди исходот со најновите изјави од бугарска страна.

„Очигледно дека имаме разлики кои што во овој балон на дневна политика и емоции изгледаат навидум ненадминливи но тие разлики немаат врска со преговарачкиот процес“, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи на Македонија.

Македонскиот премиер Заев не ја губи надежта,поради како што рече големата одговорност на политичарите. Да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство, порача денеска Заев.