Бугарски министер со нова провокација: „Ако треба ќе им испратам војска да ги урнат спомениците“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Би било поразително ако Бугарија биде таа што ќе ја затвори перспективата  и вратата на СРМ  на патот кон ЕУ, вели  за КЛИК ПЛУС  бугарскиот новинар и аналитичар Николај  Краснев.  Во емисијата  емитувана на ТВ 21 , на тема ќе успее ли бугарската блокада на македонските  ЕУ интеграции,  Краснев со став, дека во историите на двете земји се уште има нешта кои треба да се разјаснат.

 „Видете историјата на Бугарија и Македонија подоцна Република Македонија, подоцна и Северна Македонија се уште има нешта кои тешко можат да бидат разбрани, просто треба да оставиме малку време општествата да созреат уште малку. Треба да разбереме која ни е целта. А тоа е Европа. Таму не очекуваат нас…“, посочи Крастев.

Но, министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов во интервју за бугарско радио вчера го повтори ставот дека нашата држава мора да се придржува до договорот што го потпиша  пред три години . Буквално вчера,  тие одбија да работат во заедничката комисија  вели Каракачанов во интервјуто.

„Доколку е потребно ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историските факти.“, вели Каракачанов.

Бугарија не  би сакала  да биде пречка за европската иднина, беше  пораката  од бугарскиот премиер Бојко Борисов ,која деновиве кај нас ја пренесе  министерот за надворешни Бујар Османи. Во емисијата КЛИК ПЛУС на ТВ 21, на прашање од што зависи дали Бугарија  во ноември ќе даде зелено светло за пат кон ЕУ,   Османи одговори:

„Постои можност да се олеснат некои грижи на Република Бугарија во однос на некои прашања. Ќе оставиме тоа да разговараме во билатералната комуникација меѓу двете држави, за да видиме дали е тоа доволно искористување на тој простор што постои да преминеме во втората фаза и да продолжиме со комуникација“, рече Османи.

Министерот напомена дека токму ослабнатата комуникација кај Бугарија создава чувство дека ние не сакаме да одиме кон процесот на евроинтеграција.

Дали кирилското писмо ќе биде изгласано како Бугарска Азбука во  парламентот во Бугарија , Османи не верува дека иницијативата ќе ги помине бугарските собраниски филтри. Европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев немаше одговор зошто прославата на 11 Октомври во Македонија ја смета за провокација.

„Многу ми е жал  што сакате да провоцирате да кажете дека сме биле на страната на фашизмот .Јас сум многу разочаран дека тоа е вашата задача“, рече Ковачев.

„Не, е точно дека Бугарија побарала промена на  македонскиот устав  потенцираше меѓудругото министерот Османи,додавајќи дека информацијата доаѓа од редовите на опозицијата, а  власта според него е  подготвена во секое време за комуникација со неа. Минатата недела се сретна македонско-бугарската комисија, но договор за Гоце Делче и за тоа дали бил Македонец или Бугарин, не е постигнат.