Со бугарските аналитичари Константин Павлов и Стефан Дечев, вечерва разговараме во „Клик Плус“ на ТВ21 околу односите на Бугарија и Македонија, и ветото кое што Бугарија го најави пред неколку недели.
Според Павлов и Дечев, големо влијание за таквата позиција и цврстиот став има и бугарските избори, односно таквата политика е „жртва“ за предизборните борби.
„Сметам дека овие лоши односи се „жртва“ за предизборните борби. Знаеме дека владата на Борисов во последните неколку месеци беше на удар, имаше протести во Софија“, рече Павлов.
Дечев, пак, рече дека предизборните борби имаат влијание, но дека причините за ваквите односи се подлабоки.
Еве ги изјавите на Павлов и на Дечев во „Клик Плус“ низ видео:
