Бугарското собрание свика седница за случувањата со Македонија – Ковачевски: Треба да останеме смирени, но не и наивни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истрагите ќе покажат дали Христијан Пендиков е нападнат во Охрид бидејќи се чувствувал како Бугарин, а полицијата ќе даде одговор за деталите од жалбата на Христијан за заканите три дека пред да биде истепан.

Вака рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за бугарската емисија БТВ во врска со инцидентот во Охрид.

Премиерот Димитар Ковачевски инцидентот го гледа како провокација за одвлекување на вниманието од европската иднина на земјата. Додаде дека никогаш не оправдува насилство ниту провокација од било каков тип.

Во меѓувреме поради инцидентот во Охрид, палењето на бугарскиот клуб во Битола “Иван Михајлов“ и нападот во клубот во Охрид “Цар Борис III„, во Софија е повикан бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов за консултација.

Бугарското МНР истакнува дека целта на консултациите е да запре, како што велат, опасниот тренд на зголемување на притисокот врз граѓаните од земјава кои се чувствуваат како Бугари.

Бугарското собрание за утре свика вонредна седница на која меѓу другото ќе зборува техничкиот министер за надворешни работи Николај Милов за нападите врз Бугарите во Македонија.