Бујар Османи: ДУИ ќе предложи свој кандидат за претседател на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ, денеска во изјава за медиуми го пренесе ставот на претседателот на ДУИ дека е донесена едногласна одлука на претседателството дека ДУИ ќе настапи со свој кандидат на претстојните претседателски избори. Сепак отворено е прашањето доколку наредните денови може да се најде взаемно решение со коалицискиот партнер, пренесува ТВ21.