Бујар Османи открива што содржи акцискиот план со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше акцискиот план со Бугарија. Тој рече дека во неговиот дел сме биле многу блиску да го усогласиме со Бугарија.

Уште еднаш Османи повторно дека во втората фаза од разговорите ќе се оди со порационален пристап, затоа што во првата фаза разговорите биле со многу емоции, и според него, тоа не е добриот пристап.

„Акцискиот пламн се однесува на секторската соработка. Тоа значи соработка меѓу министерствата, соработка меѓу министерството за образование, инфраструктура. Зошто овој пристап? Затоа што во овој дел немаме разлики. И ние сакаме побрзо да биде готов коридорот 8, и тие сакаат. И тие сакаат соработка со здравството, и ние сакаме. Оааа секторска соработка беше жртва во однос на некои прашања како што се историските. Затоа решивме во Влада да почнеме на некои прашања за кои немаме разлики, и плус ќе ни создаде една доверба, и потоа на изградена доверба многу полесно ќе ги решаваме и другите прашања кои имаат многу емоции“, рече Османи и додаде дека кога се решаваат прашањата со емоции, мора да се менува пристапот.

„Обично прашањата врзани со емоции, само со менување на перспективата на пристапот стануваат полесни за решавања. Ако таквите емоционални прашања ги разговарате во недоверба, тие стануваат ненадминливи.

И затоа решивме во оваа втора фаза од дијалогот ќе биде порационален пристап, за да ја вратиме довербата во договорот. Затоа што во првата фаза дијалогот беше со многу емоции“, вели министерот Османи.

Повеќе детали низ следното видео: