Булеварот Благоја Тоска никако да биде завршен. Иако работите почнаа пред 4 месеци, се уште не се завршени првите 300 метри од улицата. Од општина Тетово велат дека работите се одвиваат според планот и дека се очекува да завршат кон крајот на годината.
„Во однос на текот на работите на булеварот Благоја Тоска, треба да се напомене дека е завршена подземната инфраструктура која опфаќа фекална, атмосферска канализација и новата водоводна мрежа. Сега ќе продолжи следната фаза што е предвидена во проектот. Ќе работиме со поголем интензитет ова да биде готово и во употреба за граѓаните некаде кон крајот на оваа година. Имотно-правните проблеми веќе завршија и за ова има полноправна одлука од основниот суд“, велат од Општина Тетово.
Но, граѓаните кои живеат во овој крај велат дека работите се одвиваат многу бавно и дека имаат пречки во нивното движење.
„Не знам, тие работат пет-шест месеци“.
„Од лани почнаа да работат да кршат, почнаа да работат во март, бавно е, се работи сред бел ден, не работат, јас живеам овде блиску ,со кола, тешко да се влезе“.
„За оваа улица размислуваме 30 години, но на почетокот почнаа и сега застанаа, но како што почнаа, изгледа ќе го завршат овој дел. Сабајле почнаа и си заминаа, не знам каде е проблемот. Работев во дијаспората, не работев овде. Погледнете што направија, како деца, погледнете ја оставија дупката отворена, полно е со камења, дете како дете, нема така да остави. Не разбирам зошто работат вака, а не дека не знаат“.
Касами на 18 јуни вети дека оваа улица треба да биде готова во септември или октомври.
„Спомнав некаде во договорот што го направивме со компанијата, некаде наесен, септември, октомври оваа улица треба да биде во служба на граѓаните“, истакна Биљал Касами.
Средствата за отворање на овој булевар се обезбедени од ТАВ, а и освен тоа има уште куќи кои треба да се урнат за овој булевар да биде пуштен во употреба.
