„Чад, отров, не можеме да дишеме“ – Жителите на Липково се гушат поради палењето на депонијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова не е Чернобил туку депонијата во Липково која се пали и ја прекрива околината со густ чад.

Веќе некое време оваа депонија е претворена во огниште на загадувањето и опасност за жителите од околината.

Ако до вчера имаше отпад само на едната страна, сега како што се гледа и на другата страна се создава депонија.

„Се наоѓаме на автопатот Куманово-Скопје, или Скопје-Куманово, поточно во регионот на општина Липково. Зад нас е депонијата каде општина Липково треба да го депонира отпадот, не знам колку од овој отпад е наменет да се согорува“, вели репортерот на ТВ21.

Жителите велат дека депонијата постојано гори и испушта чад. Се жалат, но нема решение, па дури велат дека луѓето го напуштаат селото поради лошата миризба.

„Знаеш ли што значи 40 степени? Не можеме да спиеме, 40 степени е, не можеме да ги отвориме прозорците затоа што ќе се отруеш. Имаме луѓе со астма, тие трчаат надвор од селото, бидејќи ветрот ја враќа смрдеата горе“.

„Општина Липково  дава, некој друг не дава. Општинските работници. Општината знае, општината, затоа што секој ден треба да го носат багерот да чистат. Сме виделе, фрлаат господине, со свои очи сме виделе“.

-Општина Липково ги фрла таму, но што е со палењето?

„99% од нив го прават тоа

-Дали често се пали оваа депонија?

„Никогаш не запира, 99% од времето гори“.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека одговорноста за чистење на отпадот е на општините, но општините прстот го вперуваат кон Владата.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, во септември минатата година изјави дека од 2018 година се планира изградба на фабрика за рециклирање, но дека оваа идеја е заборавена.

„Третиот чекор беше студијата што треба да се направи за делумно затворање на постоечките депонии до изградбата на фабриката. Процедурата е во оваа фаза од 2018 година. Се чека да почне изградбата (на фабриката), а не да заврши, бидејќи не знаеме кога ќе биде готова. А ние како општина не само Липково, туку сите општини во регионот сме во еден вид ќорсокак. Не ни е дозволена дислокација“, вели Еркан Арифи.

Додека надлежните не наоѓаат решение за оваа депонија, најмногу страдаат жителите кои живеат во близина, кои секојдневно дишат загаден воздух.