Чаир, автомобилите го уништуваат зеленилото – Ганиу: Направивме паркинзи, но несовесните граѓани паркираат по парковите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Паркираните автомобили по парковите го уништуваат зеленилото пред зградите во Чаир. Во недостиг од паркинг места, граѓаните мораат да паркираат во тревата.

„Низ парковите не е дозволено да се паркира, последниве години создадовме доволно простор и нови паркинзи, но има граѓани кои се несовесни и паркираат по парковите, но секако дека треба да ги опоменеме и надлежните институции да преземат мерки“, вели Висар Ганиу.

Но, дали недостигот од паркинзи е предизвикан од новите градби во Чир? Според Ганиу, секоја зграда што се гради има предвидено и паркинг места.

„Новите згради што се градат, се градат со паркинг места и согласно барањата или постапките превидени за добивање дозвола. Ние почнавме од сите инвеститори да бараме да имаат повеќе паркинг места од нормата за паркинзи и вие знаете дека се крена голема врева за новата зграда кај населбата кај Стар Чаир. Значи има уште едно ниво повеќе отколку што е потребно за да се создадат нови простории, а со закон е предвидено еден стан еден паркинг место, но сведоци сме дека веќе секое семејство има по две возила“, додаде Висар Ганиу.

Инаку општина Чаир во неколку населби изгради нови паркинзи, но како што изгледа тие не се доволни. Моментално во Чаир се врши реконструкција на дел од улицата „Парашќеви Ќириази“ или позната по старото име „Павле Илиќ“.