И натаму долги колони на границата меѓу Србија и Северна Македонија. Ова се автомобилите на печалбарите кои чекаат да ја минат границата кај Прешево и да се вратат во своите домови.
„Голема раздвиженост кај граничниот премин Табановце, граѓаните се жалат дека чекаат долго за влез од Србија во Северна Македонија“, јавува репортерката на ТВ21.
За долгите колони се пожалија многу граѓани пред камерата на ТВ21, велејќи дека чекале и по три часа.
-Повеќе од два часа, три часа.
-Мачно ли е ваквото чекање за вас печалбарите?
-Како не е мачно, 18 часа патувавме до тука, не 18, туку 24, чекавме во Германија, во Австрија, Србија и овде 3 часа, но нема што да правиме.
На Табановце еден час.
Многу тешко со мали деца.
Од каде доаѓате?
Од Швајцарија.
Кажете ми,чекавте ли на граница?
Да, два часа.
Но чекање и гужви немаше на границата на Македонија.
„Чекавме доста долго. Прифатливо е, имајќи предвид дека е претпладне. Добро е. – Колку чекавте? Околу еден час. Право да ви кажам не делот на Македонија брзо оди, но таму е поспоро. На излез од Србија е подолго, овде е супер.“.
Инаку од вчера напладне до денеска на граничниот премин Табановце поминале околу 35 илјади возила соопштуваат од МВР. Од нив, околу 24 илјади со странски таблички. Такви колони имало цел викенд и на граничниот премин Богородица и Блаце.
