Аднан заедно со неговиот другар се принудени да патуваат од Куманово во Скопје за да купат билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Косово. Тие се жалат бидејќи нема продажни пунктови во другите градови за продажба на билети.
„Не, во Куманово нема билети. Значи требаше да дојдеме од Куманово за да купиме билети за натпреварот. Инаку немаме можност. Ќе беше добро и во Куманово да имаше ама нема“, истакна Аднан Невзади, жител на Куманово.
На официјалната интернет страница, каде што е објавена информацијата за продажбата на билетите, наведено е дека има пунктови во неколку градови, но не и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево.
Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини за ТВ21 вели дека продажните пунктови се поставени одамна, а ги охрабри граѓаните од другите градови дека можат да купат билети од општинските фудбалски сојузи.
„Освен на стадионот „Тодор Проески“, Федерацијата на Македонија има одредено неколку продажни пункта за билети во Охрид, Прилеп, Струмица, Штип, Битола, Неготино, Велес, Гевгелија и Кочани. Дел од навивачите се жалат зошто нема продажни пунктови и во Тетово, Струга, Куманово, Дебар или Гостивар“, истакна репортерот на ТВ21.
Уште тројца пријатели од Качаник, Косово и еден граѓанин на Србија не можеа да купат билети. Тоа можат да го направат само во продажните пунктови во нивните земји.
„Вчера купија билети и затоа дојдовме тука. Вчера неколкумина обезбедија билети, го видовме тоа на Фејсбук. Значи граѓани на Косово можеле да си купат билети, а зошто денеска не ни дозволуваат“, додава Еблин Трони.
Од Федерацијата на Македонија информираат дека до сега се продадени над 4 илјади билети. Сите билети за северната трибина се продадени. Едно лице може да купи само еден билет со документ за идентификација. Цената на билетот за јужната и северната трибина на Националната арена Тодор Проески изнесува 5 или 6 евра. Натпреварот ќе се одржи на 26 март во Скопје на стадионот Тодор Проески, во 20:45 часот.
