Синоќа после земјотресот со послаб интензитет во Македонија, во областа на Маврово, се случија и неколку помали потреси во Грција, во областа околу градот Лариса, каде што минатата среда се случи земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер.
Во изминатото деноноќие во Грција се случија четири потреси во истата област, со интензитет од 3 до 3,7 степени.
Се тресеше и во Хрватска, во близина на Сплит. Земјотресот бил со интензитет од 3,1 степени.
Имаше и земјотрес во Романија со интензитет од 3 степени во близина на Брашов.
