Четири силни експлозии во Екваторијална Гвинеја, причините непознати (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градот Бата во Екваторијална Гвинеја денеска беше потресен од четири силни експлозии, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалните медиуми.

Видеа кои кружат на Интернет покажуваат дека е уништена голема површина, како и дека многу куќи се останати без покриви,а луѓето се гледа како трчаат во различни насоки.

Засега доаѓаат контрадикторни информации од оваа африканска земја, но од видеата што се појавуваат на социјалните мрежи може да се забележи огромна печурка чад како се крева над градот.