Четирикратниот убиец бил пронајден мртов во Водице, потврди за хрватскиот Шибеник Ин, портпаролот на полицијата, Шиме Павиќ.
„На отворено подрачје на 2 км од Водице, беше пронајдено возило и мртво машко лице поврзано со претходните убиства. Следува проверка. Со целата постапка управува канцеларијата на заменикот државно правобранителство во Шибеник, а по завршувањето на кривичната истрага, ќе ја информираме јавноста за утврденото“, соопшти полицијата од Шибеник вечерва околу 20 часот.
Според порталот, убиецот си пресудил со пиштол во Водице, а бил пронајден покрај неговиот автомобил, недалеку од местото каде што бил убиен бизнисменот Т.С..
Началникот на полицијата Ивица Костаниќ рече дека цела полиција се на терен, вклучително и специјалната и поморската полиција.
„Сакам да им се заблагодарам на граѓаните. Откривме во кое возило е сторителот, граѓаните не известија каде се наоѓа. Потоа го најдовме телото покрај возилото. Не можам да кажам дали сторителот е сопственик на пекарницата, но можам да кажам дека сите лица биле во деловна врска. Тие не беа криминалци, тие беа сериозни бизнисмени. Имавме само едно убиство минатата година и го решивме веднаш. Шибеник е безбеден град“ – рече Костаниќ во Дневникот на Нова ТВ.
Денес се случи тројно убиство во Шибеник, а меѓу убиените наводно е и градската советничка во Шибеник, Р.Д., додека пак бизнисменот Теди Сламиќ бил убиен пред продавница во Водице.
Како што дознаваат тамошните медиуми, напаѓачот денес околу 13 часот прво убил три лица во Рашине, кои ги поканил на состанок во просториите на стечајната компанија „Маткол“, а потоа отишол во Водице, каде го убил Теди Сламиќ пред продавница додека седел во неговиот автомобил.
Наводно сè било поради долгови, а неофицијално се знае дека убиецот е Б.К, сопственик на компанија.
