За време на непријавените протести против владините мерки во Љубљана, четворица припадници на специјалната полиција беа повредени во конфликтот меѓу демонстрантите и полицијата, а неколкумина беа уапсени, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Хојс рече дека на крајот, 400 до 600 лица учествувале во непријавените протести, кои тој ги нарече „анархисти“, додавајќи дека меѓу нив биле забележани екстремни членови на навивачки групи, како елементи на „подземјето“, а полицијата била нападната физички и со гранитни блокови па била принудена да употреби водени топови и други средства.

Полицијата уапси три лица на самото место и има многу снимен материјал, рече Хоис, додавајќи дека очекува дека „сите што ја нападнале полицијата и учествувале на собир забранет за време на епидемијата“.
