Четворица спортисти одликувани со Орден „8 Септември“ од страна на претседателот Пендаровски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Четворица наши спортисти добија Ордени „8 Септември“ по повод независноста на Република Македонија. Претседателот Стево Пендаровски со Орден ги одликуваше Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. 

Свечената цереминија се одржа во претседателската вила „Водно“. Ова државно одликување традиционално се доделува на Денот на независноста. 

На церемонијата присуствуваа и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

Орденот се доделува за вонредни заслуги на личности и државни органи во конституирањето и изградбата на Републиката, за придонесот во воспоставувањето, развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и мирољубивата меѓународна соработка и афирмација, меѓунационалните односи, безбедноста, одбраната и заштитата како и за исклучителниот придонес за јакнење на меѓународната положба и углед на државата.