Северниот дел на Италија и натаму е под блокада откако е објавено дека од коронавирусот починал 89-годишен маж во Бергамо. Сите починати лица се постари, две жени и две машки лица.
Властите и натаму трагаат по нултиот пациент кој го донел коронавирусот во Италија, и го пренел на првата позната жртва, 38-годишен маж кој е хоспитализиран.
11 градови во моментов се во изолација, а северот на земјата е под блокада. Во куќен карантин се преку 50 илјади лица. Во некои градови се затворени училиштата.
Премиерот Џузепе Конте изјави како е изненаден од ширењето на вирусот со, како што рече, „експлозивна“ брзина.
