Новинарот Александар Чомовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека новинарите во минатото правеле пресија врз политиката и биле уважувани до 94-та година.
„Најважниот пресек настана со процесот на приватизација, тука новинарите во Македонија не се снајдоа, ние бевме на одреден начин промотори на таа идеолошка трансформација, но не ја сфативме комплетната игра на преносот на општественото благо и сите концепции околу тоа“, порача Чомовски.
