Чулев: Четири лица приведени – запленет бил само дел од вкупното количество на дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција истакна дека МВР во соработка со обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција презело широк спектар на активности за пресекување на меѓународен канал за трговија со кокаин кој потекнува од Колумбија.

„Во Македонија беше утврден како краен примач компанијата „Банекс компани“ ДООЕЛ, како купец овошје, во случајов банани. Околу 9 часот, на граничниот премин Ќафасан-Струга, евидентирано е возило управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. од Црна Гора, кој се упатил кон скопското село Крушопек. По претходно обезбедена наредба, извршен е претрес. На лице место е најден Ј.Е. 22 години, син на сопственикот на фирмата, како и  Р.И. 51 годишен од Скопје, вработен кој вршел истовар. Иако неповикан, дошол и С.Е од Скопје, сопственик на фирмата. При претресот е најдено едно пакување, а биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.980 пакети банани, возилото „Ивеко““, посочи Чулев.

Тој додаде дека вчера биле приведени Ј.К., С.Е., Ј.Е. и Р.И. и истите ќе бидат предадени за постапка пред надлежен јавен обвинител“.

? [LIVE] # NaqeÇulev, MPB Konferencë për kokainën e sekuestruar në Krushopek ? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на министерот Наќе Чулев

? [LIVE] # NaqeÇulev, MPB Konferencë për kokainën e sekuestruar në Krushopek? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на министерот Наќе Чулев

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 20. Februar 2020