Брзината со која ќе се одвива вакцинирањето сега е небитна, вели за Телма, д-р Никола Пановски. Тој додаде дека ситуацијата сега била мирна, а дека тоа било битно во јануари и февруари, кога како што рече ќе се спаселе околу 1000 животи.
„Сега не е битно дали ќе оди вакцинацијата брзо, бидејќи ситуацијата е мирна. Битно беше во јануари, во февруари да вакциниравме поголема бројка луѓе, да спасевме едно 1.000 животи. Да се спречеше тоа ширење. За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, што би се вакцинирале до септември“, посочи Пановски во вечерашното гостување на Телма.
