„Да се проверуваат градинките за невакцинирани деца!“ – на 15. март се очекуваат вакцини против голема кашлица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести по денешната седница препорача да се зголеми инспекцискиот надзор на Државниот санитарен здравствен инспекторат во градинките, за да се види дали се почитува препораката на Комисијата, да не се примаат невакцинирани деца.

Инаку, по 10 дена се очекува вакцините за возрасните да ги обезбеди Комитетот за имунизација.

Директорот на Инфективната клиника доктор Фадиљ Цана, рече дека од 1 јануари до денес на Клиниката се прегледани и потврдени со голема кашлица 12 лица. Тој апелира да се заштитат децата, бидејќи како што вели, тие се најчувствителни за оваа болест.

-Оваа иницијатива на КЗБ е да се заштити најзагрозената група од пертусис, а тоа се децата по 2 години. Тоа што можам да го кажам за Инфективната клиника е дека од почетокот на годината вкупно се потврдени 12 случаи и еден случај вчера, за кого се уште ги чекаме резултатите.“, вели Цана.

До денес се регистрирани 123 случаи на голема кашлица во целата земја, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари, на вакциналните пунктови во Скопје кои работат во две смени, аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.