Да се зголемат контролните мерки на границите – Чулев: Патниците да кажуваат од каде доаѓаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Министерството за внатрешни работи добило насоки согласно анализата за ризик и се контролираат сите лица кои доаѓаат од зоните во кои е потврдено присуство на коронавирус. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, вели дека ако одреден граѓанин, државјанин на Македонија доаѓа од високо ризичните земји, припадниците на МВР треба да направи интервју и да повикаат екипа на Министерството за здравство. На некои гранични премини веќе има и волонтери на Црвен Крст.

Министерот за здравство пак, Венко Филипче рече дека е задоволен од работата на граничните полициски службеници и дека неговиот ресор во секое време е подготвен да ѝ помогне на полицијата со цел откривање дали патниците се заразени со коронавирус. Како што објаснува, граничните полицајци веќе поминале и обуки од страна на Центарот за јавно здравје.

Министерот Чулев додаде дека ќе предложи нови мерки и зголемување на проверките на сите гранични премини. На аеродромите веќе има термални камери кои го контролираат секој влез и излез на патниците. Сите автобуси кои имале редовни линии надвор од земјава, особено во ризичните подрачја, не им е дозволено да ја поминат границата и се вратени назад.